ЗАМРЗНУВААТ цените на хигиенските производи

ЗАМРЗНУВААТ цените на хигиенските производи

29. 03. 2023.

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи.

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување највисока цена по која може да се продаваат продуктите, вели Владата и посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки.

Можеби ќе ве интересира: Извесно е: Место нови таблици-само налепници?!

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“.

„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, таа би се движела од 111,8 денари до 241,9 денар, а главно повеќе од сите овие производи од 85 % се увезени во нашата држава. Цената на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, каде што имаме царинска ставка од 6 % и не е вклучено ДДВ. За пелените, цената се движи од 36 денари за парче до 1.600 денари за кутија со повеќе пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, изјави Владата.

Извор: vreme.mk