Според Законот за исплата на платите во Република Македонија, платата на работниците правното лице ја исплатува исклучително во паричен износ преку трансакциска сметка. Имајќи во предвид дека инфлацијата и нестабилноста на пазарот на труд доведоа до бројни неочекувани поместувања и промени, ги прашавме посетителите на нашиот сајт колку нивните работодавачи го почитуваат овој Закон во ваквите нестабилни економски услови.
За таа цел направивме анкета која гласи: „Како примате плата?“. Во анкетата учествуваа 628 испитаници. Еве ги резултатите:
3% од испитаниците на прашањето „Како примате плата?“ одговориле дека целосно ги исплаќаат „на рака“.
9% од испитаниците се изјасниле дека не примаат плата.
Дури 17% или 109 испитаници одговориле дека дел примаат на сметка во банка, остатокот „на рака“. На ова следат и коментари од типот: „Многу приватни компании го практикуваат овој метод за избегнување на давачките на штета на работникот и државата.“, „Прекувремените саати ги добивам во плик“.
Најголем дел - односно 70% од испитаниците одговориле дека целосниот износ го добивааат на банкарска смета.
Како вие примате плата и дали вашиот работодавач целосно го почитува Законот за исплата на плати?
Проверете и дознајте дали сте доволно платени и колку заработуваат другите на вашата позиција - единствено на Моја Плата.
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Дали одговарате на повици / вршите задачи поврзани со работа додека сте на годишен одмор?
