ПОЛЕКА НО СИГУРНО ДОАЃА „УБИЕЦОТ НА ЛЕТОТО“: Што значи тоа и што може да очекуваме?

ПОЛЕКА НО СИГУРНО ДОАЃА „УБИЕЦОТ НА ЛЕТОТО“: Што значи тоа и што може да очекуваме?

05. 09. 2024.

Судејќи по она што моментално го прикажуваат прогностичките материјали, на Балканот наскоро доаѓа „Убиецот на летото“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Според него, оваа најава не е со 100 проценти сигурност, бидејќи постојано се случуваат промени.

„Веруваме дека и покрај оваа метео најава, во следните излези на прогностичките материјали ќе се случат позитивни измени, поради тоа што Метеоролошките параметри и услови постојано од час во час се менуваат и времето е многу променливо, вели метеорологот Попоски“, напиша тој.

Инаку, „Убиец на летото“ е термин  резервиран во жаргонот на метеоролошките ентузијасти за првиот сериозен циклон на крајот на крајот на август или почетокот на септември, по што летото повеќе „не е исто“. Иако жештините се уште се можни и веројатни, циклонот „убиец“ е циклон кој го задава првиот сериозен удар „под појасот“ на летото.