Се очекува на специјален настан насловен „Време да блесне“ во понеделник, 9 септември, во 10 часот по локално време во театарот Стив Џобс во Епл Парк и ќе биде емитуван на интернет, објави Си-Ен-Ен.
Медиумите претпоставуваат дека вградената вештачка интелигенција ќе биде клучна карактеристика на најновиот ајфон.
Во јуни, Епл објави серија генеративни функции за вештачка интелигенција за ајфон на својата годишна светска конференција за програмери.
Додека корисниците на ајфон 15 „Про Макс“ веројатно ќе можат да пристапат до барем некои од функциите на AI, претстојниот ајфон 16 се очекува да биде првиот уред дизајниран целосно со вештачка интелигенција.
