Тој нагласи дека целта е што поскоро да се активираат камери кои ќе помагаат во идентификација и казнување на сообраќајните прекршоци, со цел да се намалат жртвите во сообраќајот и да се подобри сообраќајната култура.
Поставувањето на камерите треба да покрие и дел од криминалистичката работа на МВР.
Министерот исто така посочи дека камерите би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во три сегменти: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.
