Квадрат стан во Албанија на море колку квадрат во Дојран
Актуелно

Квадрат стан во Албанија на море колку квадрат во Дојран

04. 08. 2025.

50 000 евра пари ли се?

Сѐ повеќе Македонци ги заменуваат грчките, црногорските и хрватските плажи со албанското приморје – не само за одмор, туку и за инвестирање. Цените на станови во Албанија се значително пониски: за 1.200 евра по квадрат може да се купи стан во Драч, Голем или Керет, додека во Валона и Саранда квадратот се движи околу 2.000–2.500 евра.

Тоа е поевтино и од Скопје и Охрид. За 37.000–50.000 евра можете да купите стан со поглед на море. Становите се користат и за одмор, и за издавање – инвестицијата брзо се враќа. Албанија нуди и луксузни комплекси, без данок на имот, со базени, ресторани, фитнес и плажа на чекор.

Трендот започнат пред неколку години не запира – интересот само расте. Дали и вие размислувате за свој стан на море?