Летото е во полн ек, а со него доаѓа и омилената тема на секој вработен – годишниот одмор.
Колку денови годишен одмор добиваш? Дали успеваш да ги искористиш сите? И дали си задоволен/на од условите што ти ги нуди работодавачот?
Тимот на Vrabotuvanje.com спроведува истражување за годишните одмори со цел да добиеме реална слика за искуствата на вработените во Македонија.
Анкетата е целосно анонимна и ќе ти одземе само неколку минути.
Пополни ја анкетата и сподели го своето мислење:
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ГОДИШНИТЕ ОДМОРИ – КЛИКНИ ТУКА
Со твоето учество ќе помогнеш да дознаеме:
✔ Колку денови годишен одмор најчесто добиваат вработените
✔ Дали тие денови се доволни
✔ Колку луѓе успеваат целосно да го искористат одморот
✔ Какви се очекувањата и искуствата на вработените
Твоето мислење е важно и може да придонесе за подобро разбирање на потребите на работниците во Македонија.
Ви благодариме за учеството!
