СЕ „ТОПИ“ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА?! – еве во кои градови има најмногу лица кои трагаат по работа
Актуелно

СЕ „ТОПИ“ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА?! – еве во кои градови има најмногу лица кои трагаат по работа

08. 01. 2026.

И во текот на последните месеци од минатата година Агенцијата за вработување бележи тренд на намалување на лицата кои се пријавуваат за невработени. Според нивните последни бројки, во ноември невработени биле 91.434 лица, додека во категоријата други лица кои бараат работа имало пријавено 42.904 лица.

Ова покажува дека продолжува трендот на намалување на лицата кои се пријавуваат за невработени. За споредба, во октомври како невработени биле пријавени 94.729 лица, додека во втората категорија имало 43.175 пријавени граѓани. Еден месец пред тоа, односно во септември невработени биле 94.480 лица, додека бројот на лица кои бараат работа достигнувал 43.002 баратели. За споредба, претходниот месец, односно во август вкупно 95.032 лица се пријавиле во Агенцијата како невработени.

Овие бројки покажуваат јасен тренд на намалување на бројот на лицата кои се пријавуваат како невработените во Агенцијата. Со ова намалување на бројот на невработените граѓани кои се пријавиле во АВМ, всушност се регистрирани најниските бројки на лица  кои се пријавиле за невработени во земјава во последниве години.

Како што може да се види во табелата, со почетокот на годинава бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените, па така, ако на почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени, веќе во март се спуштиле на 95 илјади невработени граѓани.

Потоа повторно имало намалување, па во Април нивниот број бил 94 илјади граѓани кои се невработени. Во петтиот месец од годината бројката била повторно благо над 94 илјади граѓани, за во јуни да порасне за над 3 илјади невработени лица и да се зголеми на над 97 илјади невработени.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 19.812сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 12.245 невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 9.152 невработени лица. Следен град со повисока невработеност е Гостивар, каде таа бројка достигнува 6.643лица, а потоа е Прилеп каде што како невработени се пријавиле  5.492 граѓани.

Во Струмица има 4.615 невработени лица, додека пак во Битола брои 3.324 невработени, а потоа следува Велес со 2.994 невработени.

Статистиката покажува дека и понатаму најмногу граѓани кои бараат или чекаат работа преку Агенцијата се лицата кои се пријавуваат од 5 до 7 години, и во оваа група има дури 23002 лица кои се пријавуваат за невработени. Следна е групата на граѓани кои пак бараат работ над седум години, односно 8 и повеќе години, и тука има пријавено 12. 938 лица кои се невработени. 

Извор: faktor.mk