Сѐ повеќе суша, поплави и топлотни бранови му се закануваат на Скопје, предупредува Пржо
Актуелно

Сѐ повеќе суша, поплави и топлотни бранови му се закануваат на Скопје, предупредува Пржо

06. 08. 2025.

Има ли шанси Скопје да претрпи торнадо? Ова прашање го покрена еден твитерџија.

Со оглед на климатските трансформации, граѓаните сведочат на сѐ понагли промени на временските прилики. Алармираат дека во летните месеци никој не сака да остане во Скопје поради неподносливата жештина, а кога ќе заврне се јавуваат други проблеми. 

Со предупредување и професорот по биологија и истакнат еколог Кирил Арсовски Пржо. 

- Градот и оваа распадната котлина (депресија) се и ќе се соочува со уште поголеми еколошки и природни катастрофи, носени од климатските промени - сериозни временски непогоди: суша, поплави и топлотни бранови - од година во година краткотрајни, но интезивни поплави и порои во Скопскиот регион се се поголема катастрофа, а до сега поплавите историски однеле најмногу човечки животи, последен пат во август 2016 со големата поплава во Стајковци, напиша тој во својата анализа на фејсбук. 

Како што вели сериозни и долготрајни суши се предвидуваат во сите идни климатски сценарија, со серизоно намалување на просечните врнежи за дури 19% што го доведува во опасност директно секој аспект од животот во градот.

- Топлотни урбани острови се повеќе се шират низ сите скопски населби. Ова прави градот и граѓаните во овие урбани, бетонски заедници да се варат буквално во своите домови.

- Топлотните бранови не пропуштаат ниту едно лето во последната декада, каде при постојана дневна температурата од над само 30.8 °C директно влијаат врз зголемување на смртност за 4,8% пореди влијание на топлината.

- Во Скопје се зголемуваат и просечните ноќни температури што ја ограничуваат можност за добар психолошки одмор и ја зголемуваат појавата на топлински поврзани болести

- Климатските модели, предвидуваат топлотни бранови кои започнуваат порано во година и траат подолго во летото.

- Градот моментално нема развиени План за топлинска отпорност, со што граѓаните се оставани сами на себе и на временската прогноза, предупредува Пржо. 

Извор: skopjeinfo.mk