Пукна канализација во Пефкохори – има забрана за капење
Актуелно

Пукна канализација во Пефкохори – има забрана за капење

12. 06. 2026.

Туристите кои одмораат во Пефкохори, Халкидики, се предупредени да не влегуваат во морето на делот од плажата Акротири, откако беше воведена привремена забрана за капење поради пукнат канализациски цевковод.

Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори, едно од најпознатите одморалишта на Халкидики, откако се случи истекување на канализација поради пукнат цевковод.

Како што објавија грчките медиуми, забраната се однесува на дел од брегот во зона од 200 метри од двете страни на местото на испуштање и ќе остане на сила додека не се завршат лабораториските анализи за квалитетот на водата.

Оваа одлука е донесена од превентивни причини, со цел да се заштити здравјето на капачите и туристите, додека надлежните служби не потврдат дека морето е безбедно за повторно користење.

Според информациите што ги даде „Прототема“, проблемот настанал по пукањето на канализацискиот цевковод, што резултирало со излевање на отпадни води на локацијата „Акротири“ во Пефкохори. 

Извор: skopjeinfo.mk