Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака
Актуелно

Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака

13. 03. 2026.

Повеќе од една третина или 35,4 отсто од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии.

Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите. 

Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта со 64 проценти, по што следува Холандија каде проблеми пријавиле 57,9 отсто од купувачите кои пазарат преку Интернет, и трети се купците од Луксембург каде дури 51,4 проценти пријавиле проблеми. 

Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија со 4,5 отсто, Грција 10,6 проценти и Летонија со 13,3 отсто.

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите.

На побавна испорака од очекуваното, се пожалиле една петина од анкетираните (19,9%). 

Вториот најчест проблем е тоа што веб-страницата од која купувале била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), а трет била испораката на неточни или оштетени стоки или услуги (10,4%).

Извор: faktor.mk