„Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина“, беше потенцирано на конференцијата.
Во насока на подобрување на состојбата, презентирани се повеќе тековни и планирани мерки:
• Јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард – преку проширување на правата и зголемување на опфатот на стипендии, особено за талентирани ученици кои учествуваат на меѓународни натпреварувања.
• Финансиска поддршка – воведени се нови форми на поддршка кои претходно не постоеле, со цел да се зголеми мотивираноста и ангажираноста на младите во образовниот процес.
• Прилагодување на образованието кон пазарот на труд – се работи на подобро усогласување на наставните програми со реалните потреби од кадар, со цел полесно и побрзо вработување на младите по завршување на школувањето.
• Нов Закон за високо образование – во подготовка е нов законски предлог кој ќе овозможи вработување на најдобрите студенти од државните универзитети во образовни и научни институции.
Дополнително, беше истакнато дека е двојно зголемена поддршката за научноистражувачки проекти, особено оние што се усогласени со приоритетите од Стратегијата за паметна специјализација. Младите научници веќе имаат јасна насока каде се отвораат можности за развој и придонес кон домашната економија и иновации.
