Македонците трошат 30% од буџетот храна -во Европа само 13%

Македонците трошат 30% од буџетот храна -во Европа само 13%

07. 06. 2026.

Податоците покажуваат дека земјите од Западен Балкан значително поголем дел од приходите ги насочуваат кон основни животни потреби отколку граѓаните на Европската Унија.

Македонците трошат повеќе од третина од буџетот за храна – веднаш зад Албанија на Балканот

Додека просечно европско семејство троши околу 12% од својот буџет за храна, во Македонија овој удел достигнува дури 36,8%, што ја става земјата меѓу европските држави каде храната најмногу го оптоварува семејниот буџет. Според анализите на трошоците на домаќинствата во Европа и регионот, само Албанија има повисок удел – 44,1%. 

Податоците покажуваат дека земјите од Западен Балкан значително поголем дел од приходите ги насочуваат кон основни животни потреби отколку граѓаните на Европската Унија. По Албанија и Македонија следуваат Косово со 34,1%, додека во Црна Гора и Босна и Херцеговина храната учествува со околу една четвртина од вкупните трошоци на домаќинствата. (

Интересно е што македонските семејства се и меѓу најголемите потрошувачи на облека и обувки во регионот. За оваа намена издвојуваат 5,3% од буџетот, што е повеќе од просекот на Европската Унија од 4,9%. 

Од друга страна, за забава и култура Македонците трошат само 1,9% од домашниот буџет, што е повеќе од четири пати помалку од европскиот просек од 8,5%. Овој податок покажува дека поголемиот дел од приходите завршуваат за покривање на основните животни потреби, оставајќи мал простор за патувања, културни настани и рекреација. 

Економистите предупредуваат дека колку е поголем уделот на храната во семејниот буџет, толку е понизок животниот стандард. Во развиените европски земји најголемиот дел од трошоците се насочени кон домување, транспорт, забава и услуги, додека на Балканот храната и понатаму останува најголемиот месечен расход. 

Факт: Просечно семејство во ЕУ троши околу 12% за храна, а македонско семејство дури 36,8% – три пати повеќе. (Balkanweb)