Раст на цените на јајцата и маслото забележала пазарната инспекција
Актуелно

Раст на цените на јајцата и маслото забележала пазарната инспекција

18. 03. 2026.

Јајцата поскапеле за 5 до 10 отсто, маслото до 5 проценти. Ова е констатирано во контролите кои изминативе седум дена ги направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од инспекторатот за „Телма“ изјавиле дека 30 тимови ги скенирале производителите, увозниците, маркетите и генерално цените за сега биле стабилни.

„Ова зголемување е поради растот на цената на суровините на светските берзи.  За околу 15 отсто е поскапено суровото масло, а зголемување е забележано и кај сојата и пченицата поради конфликтот со Украина но и новите случувања на Блискиот исток“, соопштиле од ДПИ за Телма.

Исто така, од пазарниот инспекторат соопштиле и дека трговците, барем засега, добиле уверување од производителите дека нема да има поместување кај нивните цени. 

Контролите на инспекторатот ќе продолжат и во следните две до три недели.

Извор: skopjeinfo.mk