Компанијата Мотоцентар ги праша своите вработени зошто ја сакаат својата работа, а резултатот се креативни и искрени одговори кои ја отсликуваат атмосферата и културата во компанијата.
Колешките од продажно-сервисните центри одговорија на три прашања:
1. Доврши ја реченицата: „Ја сакам мојата работа затоа што...“
2. Што неодамна те насмеало на работа?
3. Ако треба да му објасниш на пријател зошто ја сакаш твојата работа и компанија – што би му рекол/а?
Елизабета Спиркоска, администратор/продажен претставник во Прилеп, вели:
„Ја сакам мојата работа затоа што ме мотивира и ми дава стабилност. Се чувствувам корисно, сум добра во тоа што го правам и во моето секојдневие комбинирам администрација и комуникација.“

Анита Стефановска, администратор/продажен претставник од Штип, на прашањето „Што неодамна те насмеало на работа?“ се сеќава на интересна и мотивирачка реакција од клиент.
За компанијата е многу важно клиентите да бидат задоволни од услугата и да добијат брза и квалитетна услуга. Во таа насока, неодамна колешката Анита добила коментар од клиент:
„Браво! Побрзи сте и од брза помош.“
Станува збор за симпатична и позитивна ситуација која измамила насмевка.

Виолета Ристовска, администратор/продажен претставник во сервисот во Момин Поток, на прашањето зошто ја сака својата работа и компанијата, вели:
„Ја сакам мојата работа и мојата компанија затоа што има пријатна, професионална и опуштена атмосфера. Присутно е тимско работење, а динамичноста не изостанува.“

Викторија Димитровска, администратор/продажен претставник во сервисот во Битола, ја продолжува реченицата:
„Ја сакам мојата работа затоа што ме прави среќна и исполнета. Се чувствувам корисна и препознаена – едноставно нема подобра компанија од Мотоцентар.“

Вијолета Башлиева, администратор/продажен претставник во сервисот во Момин Поток, на прашањето што неодамна ја насмеало на работа, се сеќава на ситуација со клиент.
При една продажба бил направен ненамерен пропуст, но сепак се создала позитивна атмосфера. Клиентот насмеано и расположено го прифатил решението на ситуацијата и со насмевка го искажал своето задоволство:
„Одлични сте, се гледаме повторно!“

Катерина Јакимовска, администратор/продажен претставник во сервисот во Илинден, раскажува за мала хумористична ситуација:
„Ме насмеа момент кога по навика реков ‘пријатно’ наместо ‘повелете’. Овој лапсус создаде симпатичен момент и насмевка, а продажбата успешно заврши.“

Весна Савевска-Карауловски, администратор/продажен претставник во сервисот во Момин Поток, на прашањето зошто ја сака својата работа, вели:
„Компанијата нуди пријатна атмосфера за работа, едукации и обуки, како и континуиран кариерен и финансиски напредок. Работата е динамична и бара постојан фокус и надградување.“

Маја Петровска, администратор/продажен претставник во сервисот во Илинден, ја довршува реченицата:
„Ја сакам мојата работа затоа што секојдневно комуницирам со луѓе, учам нови работи и сум дел од тим што функционира и се поддржува.“

Мартина Бубало, од сервисот во Илинден, на прашањето зошто ја сака својата работа и компанијата, вели:
„Работам во компанија каде што атмосферата е пријатна, тимот е одличен и секој ден носи нови предизвици и можност за напредок.“
Елена Марачкова, администратор/продажен претставник во сервисот во Кисела Вода, на прашањето што неодамна ја насмеало на работа, вели дека секојдневно ја смее колегата Душко:
„Тој е вистински шегобиец и задолжен за убавото расположение во сервисот.“

Емилија Стоева, администратор/продажен претставник во сервисот во Кисела Вода, ја довршува реченицата:
„Ја сакам мојата работа затоа што учам нови работи и работам со колеги кои ме мотивираат и поддржуваат.“

Анастасија Атанасовска, администратор/продажен претставник во сервисот во East Gate, на прашањето зошто ја сака својата работа, вели:
„Ова е компанија каде има простор за учење и надградба на професионално поле, со постојана интеракција со клиенти и колеги во пријатна работна атмосфера.“

Навистина креативни и инспиративни одговори од страна на вработените. Од нивните искуства јасно се гледа позитивната атмосфера, тимската поддршка и задоволството на вработените во компанијата Мотоцентар.
