Стани дел од тимот на МИКРОСАМ-отворени позиции за работа во Скопје и Прилеп
Издвоени огласи

Стани дел од тимот на МИКРОСАМ-отворени позиции за работа во Скопје и Прилеп

06. 07. 2025.

Во Микросам секој има шанса за професионален раст, едукација и работа со најнова технологија. Ако сакаш кариерен предизвик и средина што те поддржува, тука е твоето место!

Од мала компанија основана во 1990 година, Микросам прерасна во глобален лидер за производство на роботски и ЦНЦ машини во светот. Компанија која благодарение на своите успеси и тим од професионалци е вистински бренд амбасадор на Македонија во светот. Микросам е една од ретките компании во светот која има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа, а во соработка со НАСА успеа да направи мулти роботска ќелија за производство на делови за вселената.

Преку процесот на работа, вработените учат и запознаваат многу нови и напредни технологии кои само неколку компании во светот ги работат. Во нашата индустрија бројот на конкуренти се брои на прсти и тоа придонесува вработените да работат на глобални предизвици кои ги решаваат само 2-3 фирми во светот. Фактот дека работат на проекти кои создаваат вредност за милиони луѓе, значи дека нивната работа дава огромен придонес во голем број на индустрии ги мотивира секојдневно нашите вработени секој работен ден да го зaпочнуваат со насмевка и да го дадат најдоброто од себе. Не би ја изоставиле и можноста на секој наш вработен да го надоградува своето знаење во нашиот Институт за роботика и композитни материјали. Тука, на секој вработен му се дава можноста да ги продолжи своите магистерски или докторски студии, притоа користејќи ги ресурите на Микросам за истражување и развој.

Микросам вработува на следните работни позиции:

Софтвер инженер
линк за повеќе детали и аплицирање

Машински инженер - конструктор
линк за повеќе детали и аплицирање

Електро инженер
линк за повеќе детали и аплицирање