Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари
Актуелно

Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари

04. 03. 2026.

Во сила останува линеарното зголемување на пензиите откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на денешшната седница ја запре постапката. Тоа значи дека сите пензионери во април ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари.

На 19.11.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025). Предлогот за одлучување беше на дневен ред за 28, седница на Судот, одржана на 24 декември 2025 година. Предлогот на судијата известител не го добил потребното мнозинство гласови.

– Во овој случај беше поведена постапка од страна на Уставниот суд и во ваква ситуација требаше да се донесе конечна одлука.  Кога предлогот за конечна одлука не добива мнозинство Судот ја запира постапката, а актот останува во правниот поредок – информират од Уставниот суд.

Останува во правен промет и одредбата за потршувачите, од 1 точка и не се поведе постапка. За промена на имињата во општина Тетово, Уставниот суд поведе постапка.

Извор: vecer.press