ARTHUR'S - три децении го обликува урбаниот стил во Македонија
Успешни бизнис приказни

ARTHUR'S - три децении го обликува урбаниот стил во Македонија

03. 07. 2026.

ARTHUR'S е една од водечките компании во Македонија во областа на увозот, дистрибуцијата и малопродажбата на урбани обувки, облека и lifestyle брендови. Препознатлива по својата долгогодишна традиција, доверба и автентичен избор на брендови, компанијата повеќе од три децении успешно ги следи светските трендови и ги носи до македонските потрошувачи, најновите колекции на светските брендови CONVERSE, Dr.Martens, Vans и други.

Уште од своето основање во 1991 година, ARTHUR'S ја гради својата приказна како компанија која поставува нови стандарди на македонскиот пазар. Од самиот почеток, визијата беше јасна – на домашните потрошувачи да им ги доближи најпознатите светски брендови, оригинални производи и врвно шопинг искуство.

ARTHUR'S е компанијата која прва ги донесе легендарните Converse и Dr. Martens во Македонија, брендови кои со текот на времето станаа препознатлив симбол на стилот и индивидуалноста кај многу генерации. Токму оваа пионерска улога ја постави компанијата како еден од најзначајните увозници и дистрибутери на интернационални брендови во земјата.

Низ годините, портфолиото континуирано се збогатува со светски познати имиња како Arena, Vans, Buffalo, Lomer и New Balance, внимателно избрани брендови кои ги следат современите трендови и ги задоволуваат потребите на потрошувачите што бараат квалитет, автентичност и препознатлив стил.

Денес ARTHUR'S претставува синоним за квалитет, автентичност и долгогодишна традиција. Со внимателно избрано портфолио на светски познати брендови, сопствена малопродажна мрежа и професионален тим, компанијата останува посветена на една цел – секој клиент да добие оригинален производ, врвна услуга и шопинг искуство достојно за светските стандарди.