Според достапните податоци за септември и октомври 2026 година, просечните старосни пензии во регионот изнесуваат:
-
Словенија – 963,50 евра (просечна нето пензија)
-
Хрватска – 654,29 евра (просек според Законот за пензиско осигурување)
-
Црна Гора – 550,93 евра
-
Србија – 517,69 евра
-
Македонија – 496 евра
-
Федерација Босна и Херцеговина – 415,40 евра
Во Македонија просечната старосна пензија изнесува 30.529 денари, додека просекот за сите видови пензии е 470,10 евра.
Во Словенија, доколку се исклучат делумните и пропорционалните пензии, просечниот износ достигнува 1.088,70 евра, а во Хрватска 748,96 евра.
Податоците покажуваат значителни разлики во пензиските примања во регионот, но при споредбата треба да се земат предвид и различните методологии за пресметување на просечните пензии.
