Вашите стари телефони можат да вредат богатство, некои модели достигнуваат до 1.000 евра!
Актуелно

Вашите стари телефони можат да вредат богатство, некои модели достигнуваат до 1.000 евра!

16. 05. 2025.

Носталгијата може да биде профитабилна – можеби баш вашиот стар мобилен чека нов сопственик… за добра цена!

Некогаш врв на технолошкиот напредок, денес вистински колекционерски скапоцености – старите мобилни телефони повторно се во мода и може да ви донесат сериозна заработка.

Колку вредат?

Nokia 7280 – позната по уникатниот дизајн налик на кармин, денес достигнува цена од околу 190 евра.
Motorola International 3200 – првиот преносен дигитален телефон од 1992 година, вреди до 200 евра.
Motorola MicroTAC 9800X од 1989 година има слична вредност.
Motorola Razr2 – популарен телефон на преклоп, и денес се продава за 100 до 200 евра.
Apple iPhone 2G и 3G – ако ги имате во оригинално пакување, можат да достигнат цена до 1.000 евра!

Ако дома чувате стари телефони – проверете ја нивната вредност на интернет пазарите (eBay, OLX, итн.). Колекционерите бараат ретки и добро сочувани модели!

Носталгијата може да биде профитабилна – можеби баш вашиот стар мобилен чека нов сопственик… за добра цена!

Извор: trn.mk