ЈУЛИ 2025 vs. ЈУЛИ 2024: ШТО ВЕЛАТ БРОЈКИТЕ ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД?
Актуелно

ЈУЛИ 2025 vs. ЈУЛИ 2024: ШТО ВЕЛАТ БРОЈКИТЕ ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД?

12. 08. 2025.

Вкупниот број на објавени огласи пораснал за 7,3%

Според најновите податоци од сајтот Вработување.ком за бројот на објавени огласи по категории во јули 2025 година, забележителни се значајни промени на пазарот на труд во споредба со истиот месец претходната година. Вкупниот број на објавени огласи пораснал за 7,3%, односно од 1.467 во јули 2024 на 1.574 во јули 2025.

Категории со најголем раст:

  • Државна служба и непрофитни организации:
    Од само 20 огласи во јули 2024 на 252 во 2025 – раст од 1.160%.
     Ова е најголемиот пораст во апсолутни и процентуални вредности, што веројатно се должи на зголемени вработувања во јавниот сектор, типично за изборна година.
  • Туризам и угостителство:
    Од 103 во 2024  на 153 огласи во 2025 – раст од 48,5%.
     Сезонскиот интерес јасно се гледа во зголемената побарувачка за кадар.
  • Фармација и биотехнологија:
    Од 20 на 38 огласи – раст од 90%.
     Укажува на зголемен интерес во здравствено-научниот сектор но и во новите трендови се отвараат се повеќе компании кои нудат услуги з и производи з аподобрување на здравјето
  • ИТ и телекомуникации:
    Од 103 на 120 – раст од 16,5%, што потврдува дека дигиталните и технолошките профили остануваат високо побарувани.

 Категории со пад:

  • Продажба (Трговија):
    Од 508 на 389 – пад од 23,4%, и покрај тоа што и понатаму е најголемата поединечна категорија.
  • Инсталации, одржување и поправки:
    Од 122 на 87 – пад од 28,7%.
  • Административни професии:
    Од 89 на 62 – пад од 30,3%.- овој пат е актуелен од самиот почеток на 2025 година
  • Финансии и сметководство:
    Од 83 на 57 – пад од 31,3%.
  • Машински инженеринг пад од 31,9%.
  • Човечки ресурси:
         пад од 66,7%, што е еден од најдрастичните намалувања во процентуална смисла.

Заклучок:
Иако има блага вкупна експанзија на огласите во 2025 во споредба со 2024  трендовите по категории се многу различни. Се забележува силно активирање на јавниот сектор и сезонските индустрии, но и намалување кај повеќе традиционални категории како трговија и администрација а човечките ресурси очигледно преоѓаат на ангажирање надворешни агенции