Декатлон ја отвори првата продавница во Косово на 2 април
Актуелно

Декатлон ја отвори првата продавница во Косово на 2 април

02. 04. 2026.

Францускиот трговец со спортска опрема Decathlon ја отвори својата прва продавница во Косово, во главниот град Приштина, на 2 април.

Новата продавница ќе биде сместена во најголемиот трговски центар во земјата – Prishtina Mall и ќе се простира на површина од околу 3.000 квадратни метри, соопшти компанијата.

Претходно, во јануари, локалниот ритeјлер Aztech информираше дека потпишал франшизен договор со Decathlon, со план за отворање и на други продавници во иднина.

Од компанијата засега не откриваат дали ќе влезат и на други пазари во Западен Балкан.

Инаку, Decathlon веќе има присуство во повеќе земји од регионот, вклучително и Романија, Бугарија, Словенија, Хрватска и Србија.

Извор: faktor.mk