Првата можност за подолг одмор следува на 28 август, кога православните верници го празнуваат Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот оваа година се паѓа во петок, верниците од православна вероисповед ќе имаат продолжен викенд.
Во следниот период следуваат и државните празници кои важат за сите граѓани:
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста на Република Македонија;
- 12 октомври (понеделник) – неработен ден по повод Денот на народното востание, поради тоа што 11 Октомври се паѓа во недела;
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба, кој повторно носи продолжен викенд;
- 8 декември (вторник) – Свети Климент Охридски.
Неработни денови до крајот на годината имаат и граѓаните од католичка вероисповед. На 1 ноември се одбележува Празникот на сите светци, а на 25 декември е Божиќ, кој годинава паѓа во петок и овозможува уште еден продолжен викенд.
Празничниот календар покажува дека по завршувањето на летната сезона остануваат повеќе можности за кратки патувања, одмор и поминато време со најблиските.
Извор:bulevar.mk
