Компанијата, која континуирано вложува во професионалност, стручност и квалитетна услуга, има отворени позиции за:
ФАРМАЦЕВТ – Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање
Локација: Центар, Карпош и Аеродром
Потребно е високо образование – дипломиран фармацевт со лиценца за работа, а работното искуство во аптека или веледрогерија ќе се смета за предност.
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање
Локација: Центар, Карпош и Аеродром
Потребно е средно медицинско образование – фармацевтски техничар со уверение за положен стручен испит. Претходното искуство во аптека или веледрогерија е предност.
За двете позиции се бараат комуникативност, организираност, самоиницијативност, брзо учење и тимски дух.
Што нуди Виола?
• Конкурентна плата согласно искуството и знаењето
• Можности за професионален развој и напредување
• Бонус-плата за добредојде за кандидати со над 2 години искуство во аптека
• За фармацевтските техничари – одлична плата + бонуси
Ако сакате да бидете дел од професионален и динамичен тим, погледнете ги отворените позиции и аплицирајте.
