Утре истекува рокот: Трговците мора да ги намалат цените
Актуелно

Утре истекува рокот: Трговците мора да ги намалат цените

25. 06. 2026.

Доколку не биде постигнат договор или доставен прифатлив предлог, можно е да следува воведување мерка за ограничување на трговските маржи, на цела година

Утре истекува рокот што трговците, производителите и дистрибутерите го добија за да предложат намалување на цените на основните прехранбени производи а добиен на 23 јуни 2026 година. Доколку тоа не се случи, се очекува државата да интервенира со мерки кои би ги ограничиле трговските маржи во период до една година.

Рокот беше договорен по состанокот меѓу претставници на трговските синџири, производителите и надлежните институции, при што на компаниите им беа оставени три дена сами да предложат производи и нови, пониски цени. Според најавите, целта е да се намалат цените на основните производи што секојдневно ги купуваат граѓаните.

Доколку не биде постигнат договор или доставен прифатлив предлог, можно е да следува воведување мерка за ограничување на трговските маржи, на цела година со цел да се спречи дополнително поскапување на храната и да се намали притисокот врз семејните буџети.

Засега не е објавено кои производи ќе бидат опфатени со евентуалното намалување на цените, ниту колкав ќе биде процентот на поевтинување. Повеќе детали се очекуваат по истекот на рокот и по доставувањето на предлозите од страна на трговците.

Доколку не биде постигнат договор, јавноста уште утре би можела да дознае дали ќе следуваат нови доброволни намалувања на цените или ќе стапат на сила мерки за ограничување на маржите.