На 10 дена пред почетокот на зимата: Денес и утре сончево со температури како за рана есен
Актуелно

На 10 дена пред почетокот на зимата: Денес и утре сончево со температури како за рана есен

10. 12. 2025.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 12 до 16 степени Целзиусови.

Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 10 до 17 степени. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Извор: skopjeinfo.mk