Во време кога хибридната работа, постојаните нотификации и дигиталната поврзаност сè повеќе ја бришат границата меѓу работата и приватниот живот, балансот помеѓу кариерата и личното време станува една од најпосакуваните вредности кај вработените.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат во странство во просек работат дури 13,5 часа неделно повеќе отколку што би работеле во својата матична земја. Во свет каде што професионалното согорување (burnout) станува сериозен предизвик, некои држави сепак успеале да изградат систем што навистина го почитува слободното време на луѓето.
Еве кои земји се издвојуваат по најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот:
Данска – шампион во продуктивност без прекувремена работа
Данците важат за едни од најпродуктивните работници во Европа, а нивната филозофија е едноставна: работи посветено, но само во рамки на работното време.
Што нуди Данска?
- Просечна работна недела: 37 часа
- 5 недели платен годишен одмор
- Исклучително развиен систем за родителско отсуство, каде партнерите можат да поделат 32 недели платено отсуство
Холандија – кога времето навистина се почитува
Холандскиот модел се темели на почитување на договореното работно време. Според податоците, помалку од 1% од вработените работат прекувремено.
Што ја издвојува Холандија?
- Работна недела: 36–40 часа
- Дури 80% од странските работници се задоволни од балансот
- Развиени семејни бенефиции и флексибилни услови за родители
Бахреин – работа, сонце и помал финансиски притисок
Иако работната недела е нешто подолга, Бахреин се издвојува по релаксиран животен стил и економски бенефиции.
Предности во Бахреин:
- Просечна работна недела: 42,9 часа
- 30 дена платен годишен одмор
- Нема персонален данок на доход
- Речиси 70% од странците велат дека рекреацијата и животниот стил се лесно достапни
Нов Зеланд – доверба меѓу работникот и работодавачот
Нов Зеланд гради култура базирана на доверба и флексибилност.
Што добиваат вработените?
- Просечна работна недела: 42,7 часа
- 91% од вработените велат дека имаат одличен однос со работодавачот
- Родителско отсуство до 12 месеци, од кои 22 недели се целосно платени
Костарика – работа со помалку стрес
За многумина, Костарика е идеален спој на кариера, природа и социјален живот.
Што нуди Костарика?
- Просечна работна недела: 40,6 часа
- 80% од странците велат дека брзо се интегрирале во локалната култура
- Мајките добиваат 4 месеци платено породилно отсуство
