Проверете ги сметките: УЈП апелира до 5.000 корисници да ги ажурираат податоците за да си го добијат повратот
Актуелно

Проверете ги сметките: УЈП апелира до 5.000 корисници да ги ажурираат податоците за да си го добијат повратот

06. 03. 2026.

Вкупно 917,5 милиони денари се префрлени на трансакциските сметки на дури 521.263 корисници на апликацијата МојДДВ.

Сепак, од Управата посочуваат дека за одреден дел од граѓаните исплатата сè уште е заглавена поради технички пропусти во нивните профили.
По основ на МојДДВ за четвртиот квартал од 2025 година исплатени се 917.518.916 денари.
 
Управа за Јавни Приходи – УЈП информира дека за скенирани фискални сметки во четвртото тримесечје од 2025 година, на трансакциските сметки на 521.263 корисници на апликацијата МојДДВ исплатени се вкупно 917.518.916 денари по основ на поврат на ДДВ.
 
Напоменуваат дека во моментов 4.966 корисници кои имаат скенирано фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира.
 
Апелираат до сите корисници кои сè уште немаат добиено средства – Проверете ги и ажурирајте ги податоците за вашата трансакциска сметка директно во апликацијата МојДДВ. Со точни податоци, УЈП ќе може успешно да ја изврши исплатата на повратот.