Имено, вчера на социјалните мрежи, критики пристигнаа од сите страни за мажот кој се капеше во фонтаната на плоштадот.
- Стварно не разбирам зошто се толерира такво однесување во центарот на државата?! И не мислам само на „капачот“, туку и сите оние „музиканти и танчари“. Па добро бе Град Скопје толку ли не ти е гајле секој еден што ќе дојде во СК, каков впечаток ќе добие за Скопје, за Македонија?! - праша на „X“ еден твитерџија.
Граѓаните бараат редари кои ќе вопостават ред во центарот за градот, кој несомнено е првото лице на Скопје кое го гледаат туристите!
Подоцна на социјалните мрежи се појавија информации дека лицето кое се капеше во фонтаната е бесдомник е ментално болно лице. Како и да е, надлежните институции треба да превземат соодветни мерки, согласни се скопјани.