За 20 евра влегуваме во ЕУ-правилото ќе важи од Октомври
Актуелно

За 20 евра влегуваме во ЕУ-правилото ќе важи од Октомври

27. 07. 2025.

Плаќаш еднаш – патуваш три години: ЕУ воведува ново правило за сите што сакаат да влезат во Шенген!

Од крајот на 2026 година, сите државјани на земји кои не се дел од ЕУ – вклучувајќи ги и Македонците – ќе мора да имаат ETIAS дозвола за да влезат во земјите од Шенген-зоната. Ова електронско овластување за патување ќе чини 20 евра, ќе се аплицира онлајн, и ќе важи три години или до истек на пасошот.

Со едно плаќање – добиваш дозвола за неограничени краткорочни престои (до 90 дена во секој 180-дневен период) во земјите од ЕУ и Шенген-зоната.

 ETIAS е сличен на системите ESTA (САД) и eTA (Канада), и е дел од новиот безбедносен и технолошки пристап на Европската Унија.

Како ќе се аплицира?

Сè ќе оди преку интернет – преку официјалната страница или мобилна апликација на ETIAS. Потребно е да имаш:

Пасош што важи најмалку уште три месеци

Платежна картичка

Основни лични податоци

Планирани информации за патувањето

Одговори на неколку безбедносни прашања

Процесот обично трае неколку минути, но во одредени случаи може да потрае до 4 дена, а во ретки случаи – до 30 дена.

За кого важи ова?

ETIAS ќе биде задолжителен за сите патници од „трети земји“ ослободени од виза, што значи и за Македонија. Не важи за:

Лица со дозвола за престој во ЕУ

Членови на семејства на ЕУ државјани

Лица со ЕУ пасош (вклучително и двојни државјани)

Што ако го смениш пасошот?

ETIAS дозволата е врзана за бројот на пасошот. Ако добиеш нов пасош – апликацијата мора да се повтори.