И оваа година Грција ќе биде топ-дестинација каде што многумина од нас ќе го поминат годишниот одмор. Сите зборуваат за покачените цени на лежалките, на храната и на пијалоците, па внимателно се планира буџетот пред да се замине на избраното туристичко место.
Една понуда особено ги заинтригира нашите граѓани, а истата се однесува на Неи Пори, едно од најпопуларните летувалишта кај нашиот јужен сосед, сместен под планината Олимп и одалечен околу 160 километри од нашата граница.
Овде чадор, лежалка, кафе, крофна и шише вода ќе ве чинат само пет евра. Оние што бараат влакно во јајцето велат дека цената е ревидирана во однос на минатата сезона, но 50 центи не е ништо во споредба со поскапувањата на сите други места.
„Колку за споредба, во Лептокарија за две кафиња ќе платите 10 евра, а за тие пари ќе добиете гратис вода и лежалки кои смеете да ги користите само три часа“, коментира еден српски турист на социјалните мрежи.
