Иако Хрватска е меѓу земјите со највисок раст на БДП во Европската Унија, високата инфлација го намалува реалниот стандард на граѓаните. Затоа многумина очекуваат поголеми заработки во текот на туристичката сезона, но анализите покажуваат дека платите ќе останат приближно на нивото од минатата година.
Колку ќе заработуваат сезонците
Готвачи
Готвачите имаат најголема одговорност и обем на работа, особено од Велигден до крајот на октомври. Најдобрите и најискусните можат да заработат меѓу 2.200 и 3.000 евра нето месечно, додека просечната плата изнесува околу 2.500 евра. Оваа професија и натаму е дефицитарна, па добрите готвачи се сè потешко се наоѓаат.
Пица-мајстори
Пица-мајсторите заработуваат околу 2.000 евра нето, а оние кои работат и на скара можат да имаат и повисоки примања.
Келнери
Основната плата се движи меѓу 1.500 и 2.000 евра, но со бакшиш во елитните ресторани и кафулиња може да достигне и до 3.000 евра месечно.
Возачи во снабдување
Возачите кои ги снабдуваат рестораните и хотелите заработуваат меѓу 1.500 и 2.000 евра месечно.
Чистење апартмани
Сатницата за чистење апартмани се движи од 10 до 15 евра, во зависност од локацијата и обемот на работа. Сепак, се очекува овие цени да останат стабилни поради зголемениот број странски работници.
Собарки и хигиеничари
Редовно вработените хигиеничари заработуваат околу 1.200 евра, додека собарките имаат плата од приближно 1.300 евра нето месечно.
Скипери
Скиперите заработуваат околу 100 евра дневно, зависно од бројот на тури и изнајмувања на бродови.
Сезонска заработка – главниот проблем
Иако овие суми изгледаат привлечни, главниот проблем е нивната сезонска природа. Поголемиот дел од заработката е врзан за туристичката сезона, додека во зимскиот период приходите значително паѓаат.
Токму поради тоа, многу сезонски работници избираат да заминат на работа во Австрија, каде што летната и зимската сезона се блиску една до друга, што им овозможува заработка во поголем дел од годината.
