Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина со 1.99, Косово со 1.32, евра, Албанија со 1.28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.
Во 2024 година, суфицит во личните трансфери имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Спротивно на тоа, Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја од -0,5%) покажаа најголеми дефицити на лични трансфери како дел од нивниот БДП, покажуваат податоците на Евростат.
Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година.
Во последните пет години е забележан значителен раст на одливот на лични трансфери. Одливот е зголемен за 51%, додека приливот расне поскромно, зголемувајќи се за 26%. Како резултат на тоа, има проширување на негативното салдо за ЕУ во однос на земјите кои не се членки на ЕУ, достигнувајќи 37,3 милијарди евра во 2024 година.
