Кој може нека се разлади викендов, од понеделник следат пеколни температури
Актуелно

Кој може нека се разлади викендов, од понеделник следат пеколни температури

19.6.2025

Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, ќе се се задржи и утре, соопшти УХМР.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.

Максималната температурата за викендот ќе биде 34 степени, а во деновите од наредната седмица ќе достигне до 38.

Извор: skopjeinfo.mk