„Кај мама и тато“ до 30,7 години: Македонија над просекот на ЕУ
Актуелно

„Кај мама и тато“ до 30,7 години: Македонија над просекот на ЕУ

17. 09. 2026.

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом во просек на 30,7 години, додека просекот во ЕУ е 26,3 години, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Најдоцна се осамостојуваат младите во Хрватска (31,5), Грција и Словачка (30,9), а најрано во Финска (21,4), Данска (21,8) и Естонија и Литванија (22,7).

Во регионот, просечната возраст е 30,1 година во Србија, 29,5 во БиХ и 27,9 во Бугарија.

Евростат забележува поврзаност меѓу возраста на осамостојување и вработеноста кај младите. Во Македонија, стапката на вработеност кај младите од 20 до 29 години во 2025 година била 50,2%, наспроти 65,5% во ЕУ.