Голем прекин! Утре цел ден без вода централното подрачје на Скопје
Актуелно

Голем прекин! Утре цел ден без вода централното подрачје на Скопје

19. 06. 2026.

Речиси цел ден утре без вода бројни делови од централното подрачје на Скопје.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради дефект на затворачи на водоводната линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и Кеј „Димитар Влахов“, утре (сабота) ќе се изведуваат технички зафати на водоводната мрежа.

Поради интервенцијата, без водоснабдување од 9:00 до 22:00 часот ќе останат:

  • Објектот на МАНУ,
  • Основен суд 2,
  • Младинскиот културен центар,
  • Универзитетската библиотека,
  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,
  • ТЦ „Мавровка“,
  • дел од Старата скопска чаршија,
  • Саат-кулата,
  • улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“,
  • дел од булеварот „Крсте Мисирков“,
  • населбата Крњево,
  • објектот на Македонската телевизија и
  • трговскиот центар „Ист Гејт“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во населбата Автокоманда, во ниската зона до Камник, ќе има намален притисок на водата или можен прекин во водоснабдувањето.

Извор: skopjeinfo.mk