Над половина од запишаните, 31 734 или 59,3 отсто, се студентки.
Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи.
- Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14 644 студенти или 27,4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат, наведува ДЗС во објавата.
Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13 371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10 839) и на информатичко-комуникациски технологии (8875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740).
Извор: ekonomijaibiznis.mk
