Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу продадени станови
Актуелно

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу продадени станови

05. 08. 2026.

Според најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот април – јуни (втор квартал), пазарот на недвижности бележи значителен раст на активностите и финансиската вредност во споредба со првите три месеци од годинава.

Во овој квартал се регистрирани вкупно 8.369 трансакции (купопродажби и закупи), што претставува раст од 7,9% во однос на првиот квартал. Вкупно се продадени недвижности со површина од над 7,8 милиони метри квадратни во вкупна вредност од над 21,5 милијарди денари.


Скок во продажбата на новоградби (станови и куќи од инвеститор)

Во вториот квартал се реализирани вкупно 977 продажби од инвеститор (зголемување за 236 новоградби споредено со Q1):

  • Станови: Продадени се 943 нови станови, што е раст на брокето за 37%, додека нивната вкупна финансиска вредност пораснала за дури 43%.
  • Куќи: Продадени се 34 нови куќи – раст на бројот за 13%, со зголемување на финансиската вредност од 22%.

Топ локации по општини

  • Најмногу продадени станови: Општина Аеродром со вкупно 297 станови.
  • Најмногу продадени куќи: Општина Битола со вкупно 64 куќи.
  • Најмногу продаден деловен простор: Општина Центар со 33 деловни простори.
  • Најмногу земјоделско земјиште и шуми: Општина Куманово со 79 купопродажби.
  • Најмногу продадено градежно земјиште: Општина Куманово со 45 купопродажби.

 

Извор:4news.mk