Мерката е дел од новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, со кои не се предвидува зголемување на глобите, но се воведуваат значително построги санкции.
Покрај одземањето на возилото, новите измени предвидуваат и обврзна затворска или условна казна, како дополнување на паричната казна, за сите случаи на безобѕирно управување со моторни возила.
Во иднина, возилата кои ќе бидат конфискувани ќе бидат донирани на јавни институции, кои ќе ги користат за потребите на граѓаните, со што се обезбедува и корисна вредност од запленетите средства.
Новите мерки имаат за цел да придонесат кон побезбеден сообраќај и да испратат јасна порака дека несоодветното однесување зад воланот ќе има сериозни последици.
