Според анализите на туристичкиот сектор, кризите и војните често ги пренасочуваат туристите кон дестинации кои се сметаат за побезбедни и политички постабилни. Во такви ситуации, многу патници избираат токму европски земји, бидејќи континентот нуди добра инфраструктура, сигурност и разновидна туристичка понуда.
Европа и понатаму останува една од најпосетуваните туристички региони во светот, а туристичкиот сектор покажува изненадувачка отпорност дури и во услови на глобални економски и геополитички неизвесности. Во последните години е забележан раст на меѓународните туристички пристигнувања и на туристичката потрошувачка.
Во исто време, безбедноста и политичката стабилност стануваат еден од најважните фактори при изборот на туристичка дестинација. Патниците сè почесто ги менуваат своите планови и бараат земји кои се сметаат за сигурни и стабилни за одмор.
Експертите сметаат дека токму поради овие причини, побарувачката за патувања во Европа во наредниот период би можела дополнително да се зголеми, и покрај глобалните кризи.
Извор:prvaskopska.mk
