Додека вчера попладне возачите со часови чекаа на бензинските за да наполнат гориво, велосипедистите саркастично порачаа:
- Цената на горивото за велосипеди останува иста засекогаш! Вози велосипед, секој ден!
Но, она на што се реагора во последно време, се поскапените цени за одржување на овие превозни средства.
- Цените на велосипедите и нивното одржување се 5 пати поскапени и поскапи од кола, реагира скопјанец.
Но, за некои потреби автомобилот е задолжителен.
- Пробај со велосипед да донесеш прехранбени продукти во супермаркет, или можеби бела техника за домаќинство... има одговорија на поборниците за вело-сообраќај!
