Плата до 65.000 денари: Бараме КОМЕРЦИЈАЛИСТИ! Погледнете кои компании вработуваат
Издвоени огласи

Плата до 65.000 денари: Бараме КОМЕРЦИЈАЛИСТИ! Погледнете кои компании вработуваат

01. 07. 2025.

Ако си комуникативен, уживаш во динамична работа и сакаш резултатите да зависат од твојата енергија и посветеност – тогаш позицијата комерцијалист може да биде идеален чекор во твојата кариера.

Комерцијалистот е клучен играч во продажбата – директно поврзан со клиентите, пазарот и движењето на производите или услугите. Оваа професија не е само за "терен", туку за луѓе кои знаат да преговараат, да изградат доверба и да препознаат што му треба на секој купувач.

На Vrabotuvanje.com веќе има над 700 активни огласи, а денес издвојуваме неколку позиции токму за комерцијалисти – можеби една од нив е твојата следна работа.

Погледнете кои компаниии вработуваат:

Плата до и над 65.000 денари-БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА вработува Комерцијалист за амбулантна продажба во Скопје и  Комерцијалист за амбулантна продажба во Kуманово.

Флуид Проект има потреба од Комерцијалист.

Фобас Компани вработува Комерцијалисти за продажба - Прилеп, Битола, Ресен, Струга, Охрид.

Олимпико компанија која постои веќе 30 години и е синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светските познати брендови Michelin, BFGoodrich, Тigar, Bridgestone вработува: Комерцијалист во Скопје.

ТОП БАЗАР има потреба од следната работна позиција: КОМЕРЦИЈАЛИСТ - ПРОДАЖЕН АГЕНТ

EURO TOOLS, Компанија со основна дејност продажба и дистрибуција на материјали, алати и опрема за заштита при работа, има потреба да вработи: КОМЕРЦИЈАЛИСТ за реонот Скопје.

Колид Фудс вработува Агент за продажба-Комерцијалист Хорека.

Плата 35.000 ден - 55.000 денари- Компанијата КОСМОС ГРУП, има потреба од ангажирање на КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА.

Devolli Group  има активен оглас за вработување на Комерцијалист во Струга и Охрид и Лица за амбулантна продажба во Скопје.

Вентек Траде  вработува Комерцијалист во Скопје.