Во сабота без вода поголем број улици и објекти во Скопје
Актуелно

Во сабота без вода поголем број улици и објекти во Скопје

17. 06. 2026.

ЈП Водовод и канализација известува дека во сабота поголем број објекти и улици ќе бидат без вода.

Од таму информираат дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на булевар Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ќе бидат превземени одредени технички зафати кои ќе се одвиваат во текот на денот..

Прекин на водоснабдувањето ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните улици и објекти:
  •  Објектот на МАНУ
  •  Основен Суд 2
  •  Младински Културен Центар
  •  Универзитетска Библиотека
  •  Универзитет Св. “Кирил и Методиj”
  •  Трговски Центар Мавровка
  •  Дел од Турска Чаршија
  •  Саат Кула
  •  Улица Петар Ѓеоргиев
  •  Улица Отокар Кершовани
  •  Улица Адвокатска
  •  Булевар Крсте Мисирков (Дел)
  •  Крњево
  •  Македонска Телевизија
  •  Ист Гејт
  •  Автокоманда ниска зона до Камник намален притисок или можност за прекин на вода.

Извор: skopjeinfo.mk