Долга работа, мала пензија: Реалноста на пензионерите во Германија
Актуелно

Долга работа, мала пензија: Реалноста на пензионерите во Германија

09. 08. 2025.

Секое четврто лице во Германија добива помалку од 1.300 евра месечно, и покрај деценискиот труд и придонес кон економијата.

Германија често се смета за земја со стабилна економија и сигурен социјален систем, но реалноста за многу пензионери е далеку од идеална. И покрај долгогодишниот труд и придонес кон најсилната економија во Европа, многу Германци се соочуваат со ниски пензии што не им овозможуваат достоинствен живот.

Најниските пензии по 45 години работа ги примаат мажите во Долна Саксонија и источната покраина Тирингија. Жените таму земаат уште помали износи. Во Долна Саксонија, просечната пензија за мажите е околу 1.783 евра месечно, додека жените добиваат околу 1.417 евра. Во Тирингија, пак, и мажите и жените имаат уште пониски пензии, околу 1.400 евра. Овие бројки се значително под националниот просек и далеку од доволни за достоинствен живот.

Пензионерите во западните покраини како Баварија и Бремен, иако имаат повисоки пензии, сепак се соочуваат со предизвици. Секое четврто лице во Германија добива помалку од 1.300 евра месечно, и покрај деценискиот труд и придонес кон економијата.

Владата објаснува дека ниската пензија не ја покажува целата финансиска слика, бидејќи многумина имаат и други извори на приходи преку домаќинството. Меѓутоа, тоа не ги менува фактите: долгогодишниот труд не им гарантира сигурна и доволна старост на многу луѓе.

Причини за ниските пензии се и периодите без придонеси, како образование, невработеност или работа со скратено време, што влијае на конечниот износ.