Во Грција на банкомат -вадете пари и прегледајте сметка бесплатно

Во Грција на банкомат -вадете пари и прегледајте сметка бесплатно

13. 08. 2025.

Во Македонија се наплаќа за преглед на состојбата на сметката

Од оваа недела во Грција стапи на сила нова регулатива на Министерството за финансии со која се укинува наплатата на провизии за подигање готовина од банкомати на грчките банки. Мерката ќе донесе значителни заштеди и за локалното население и за туристите кои користат банкомати во земјата.

Досега, клиентите плаќаа дополнителна провизија секогаш кога подигнуваа пари од банкомат на банка различна од нивната. Сега, со новите правила:

  • Нема провизија за подигање готовина меѓу сите банки кои учествуваат во меѓубанкарскиот систем DIAS.
  • Бесплатно се користат банкомати од трети страни ако постои директен или индиректен однос на сопственост со банката на клиентот.
  • Во општини каде има само еден банкомат, подигањето пари е бесплатно, без оглед на тоа кој е сопственикот.
  • Максималната провизија за банкомати од трети страни низ целата земја е ограничена на 1,50 евра.
  • Бесплатен преглед на состојбата на сметката за сите корисници, без оглед на банката.
  • Еднократна провизија од 0,50 евра за испраќање пари преку дигитални канали преку даватели од трети страни.

Одлуката е донесена по силни реакции во јавноста и во грчкиот парламент, откако една голема банка неодамна ги замени стотиците свои банкомати со машини од трети страни, во кои имаше удел, а клиентите беа принудени да плаќаат над 2 евра провизија за подигање пари.

Со оваа регулатива, Грција се приклучува на листата на земји кои воведуваат строги ограничувања за банкарските такси, со цел поголема заштита на потрошувачите и поевтино користење на банкарските услуги.

Во Македоноја се наплаќа за преглед на состојбата на сметката