Мал гест за нов почеток
Успешни бизнис приказни

Мал гест за нов почеток

02. 09. 2026.

Во М КЕШ веруваат дека добрата работна средина се гради не само преку професионален развој и можности, туку и преку вистинска грижа за луѓето кои се дел од компанијата.

Почетокот на новата учебна година е еден од оние моменти што носат посебна возбуда во секое семејство, а М КЕШ и оваа година одлучи да биде дел од таа радост.

По повод почетокот на новата учебна година, за децата на своите вработени на возраст до 15 години, компанијата обезбеди ваучери од Просветно дело, како мал придонес за подготовките за новите авантури во градинка и во училиште.

Оваа иницијатива е уште еден пример за начинот на кој М КЕШ ја покажува грижата за своите вработени – не само како професионалци, туку и како луѓе со свои семејства, важни животни моменти и лични приказни.

За компанијата, создавањето позитивна работна средина подразбира внимание и поддршка и во моментите кои се важни надвор од работното место. Токму затоа, ваквите мали гестови се дел од пошироката заложба за градење култура во која луѓето се ставени во центарот.

Особено значајно е што и оваа година М КЕШ може да биде мал дел од еден од највозбудливите моменти за најмладите – првиот училишен ден.

На сите првачиња им се посакуваат храбри први чекори во училишните клупи, а на сите дечиња – успешна учебна година исполнета со знаење, љубопитност, нови пријателства и многу причини за гордост.

М КЕШ продолжува да гради култура во која грижата за луѓето не е само вредност на хартија, туку нешто што се покажува преку дела.