East Gate Mall слави 5 години: Роденденска забава, детски авантури и наградно патување во Берлин
Актуелно

East Gate Mall слави 5 години: Роденденска забава, детски авантури и наградно патување во Берлин

07. 11. 2026.

East Gate Mall денеска, 7 ноември, ја започнува прославата на својот петти роденден со дводневна програма исполнета со забава, музика и активности за сите генерации. Под мотото „Роденденска џунгломанија“, посетителите денеска и утре ќе можат да уживаат во бројни изненадувања, а најсреќните ќе имаат можност да освојат и семејно патување во Берлин.

Овој викенд, 7 и 8 ноември, East Gate Mall се претвора во вистинска роденденска џунгла. По повод пет години од своето постоење, трговскиот центар организира богата програма со детски работилници, едукативни активности, музика и забавни предизвици за целото семејство.

Роденденската прослава започнува денеска напладне, а посетителите ги очекуваат активности што ќе траат сè до вечерните часови.

Од средби со рептили до потрага по богатство

Програмата започнува во 12:00 часот со едукативна дружба со рептили, предводена од Војо, каде што најмладите ќе имаат можност да дознаат интересни факти за овие животни.

Веќе во 13:00 часот следува „Jungle Adventure“ со Дарко Биберко, кој ќе ги поведе децата во нова авантура инспирирана од светот на џунглата.

Во попладневните часови се предвидени и креативни работилници, цртање на лица (face painting) и изработка на фигури од балони.

Во 15:15 часот повторно ќе се одржи едукативната средба со рептили, додека во 16:00 часот започнува потрагата по богатство со Дарко Биберко, наменета за малите авантуристи.

Музика, џунгла парада и забава до вечерните часови

Роденденската атмосфера ќе продолжи и во вечерниот дел од програмата.

Од 17:00 до 19:00 часот, DJ Bono ќе се погрижи за музиката и доброто расположение, а посебна атракција ќе биде и Jungle парадата, која неколкупати во текот на денот ќе поминува низ трговскиот центар.

Со комбинација од шопинг, детски активности и музичка програма, организаторите најавуваат роденденски викенд наменет за посетители од сите возрасти.

Со сметка над 1.000 денари до семејно патување во Берлин

Покрај забавната програма, East Gate Mall подготви и роденденска наградна игра.

Посетителите кои на 7 или 8 ноември ќе направат купување со сметка над 1.000 денари ќе имаат можност да учествуваат во наградна игра за семејно патување во Берлин.

Наградата вклучува семејна авантура во германската престолнина и посета на една од најголемите зоолошки градини во Европа.

Роденденската прослава ќе трае два дена, на 7 и 8 ноември, со активности што започнуваат од пладне. За сите што планираат семеен викенд исполнет со дружење, шопинг и забава, East Gate Mall подготвува посебна роденденска атмосфера по повод својот петти роденден.