Во објавата на социјалните мрежи, на почетокот од видеото, Фин мислеше дека од Нова Железничка до Драчево ќе му требаат само 10 минути за да стигне со воз, но се излажа.
На видеото прво се гледа како за поголем број на патници, возот доаѓа само со еден вагон, а потоа, на пат за Драчево, како маж на велосипед се движи побрзо од самиот воз.
На крајот во видеото, Фин рече дека од Нова Железничка до Драчево стигнал за дополнителни 38 минути од тоа што првично му покажала апликацијата, односно дека патувал скоро еден час.
