Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 11 степени.
