Десет проценти попуст само за дневни летови
Попустот од 10 проценти ќе важи само за дневни летови, помеѓу 27 април оваа година и 31 март следната година, според соопштението.
„Аеродромот ја презема оваа мерка бидејќи трошоците за авиокомпании одеднаш и нагло се зголемија поради високите цени на керозинот“, се вели во соопштението на Шипхол.
Мерката „привремено“ негативно ќе влијае на финансиските резултати на аеродромот Шипхол, но според проценката на менаџментот, таа не треба да ги попречи планираните инвестиции во следните десет години.
Шипхол е меѓу најпрометните и најскапите аеродроми во Европа, забележува Ројтерс.
